IN MEMORIAM
По кусо боледување ноќеска почина македонскиот музичар Ферус Мустафов
22.05.2023 10:54
По кусо боледување ноќеска почина легендарниот македонски кларинетист и саксофонист, Ферус Мустафов. Ферус имаше мозочен удар на 26 април и од тогаш беше во болницата „8 Септември“...

По кусо боледување ноќеска почина легендарниот македонски кларинетист и саксофонист, Ферус Мустафов. Ферус имаше мозочен удар на 26 април и од тогаш беше во болницата „8 Септември“.
Мустафов е роден на 20 декември 1950 година во Штип во ромско семејство на музичари. Тој имаше богата кариера со голем број настапи низ целиот свет и остави големо музичко наследство. Неговата професионална кариера започна на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет во локална музичка академија.
