Бугарија
ИТН ја повлече поддршката, Габриел ќе го враќа мандат
22.05.2023 11:56
Таа не обезбеди доволно гласови за да формира кабинет...

Кандидатката за премиер на Бугарија од редовите на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, денеска ќе му го врати на претседателот Румен Радев првиот мандат за формирање Влада. Таа не обезбеди доволно гласови за да формира кабинет.
Првично ДПС и „Има таков народ“ (ИТН) најавија поддршка за експертска влада, но според неофицијални информации, ГЕРБ и „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“ разговарале за поддршка на влада со втор мандат, чиј премиер би се менувал на ротациона основа.
