Се повеќе жртви на македонските патишта!
Од почетокот на мај патиштата во Македонија проголтаа десетина лица- жртви на сообраќајни несреќи. Неприлагодена брзина на движење и непочитување на сообраќајните знаци се најчеста причина за случување на незгоди.

И билтените на полицијата секојденвно објавуваат, се случуваат и по петнаесетина незгоди во текот на едно деноноќие.
И покрај сите апели, ситуацијата со невниманието на лицата зад воланот тешко се менува.
Свеста се уште не е доволно развиена и не се размислува дека покрај сопствениот живот се загрозува и животот на оние што не се виновни.
И на туѓите грешки не се учиме - говорат снимките што се направени со мобилен телефон.
Само неколку часа по страотниот судир на воз со автобус кај Сарамзалино, повторно несовесни возачи ја заобиколувале спуштената рамка и ја игнорирале сигнализацијата дека наидува воз.
