Образование

Шаќири: Имало поплаки за врсничко насилство, а од училиштата не реагирале

22.05.2023 13:42

Над 20 пријави за насилство во училишта стигнале до Министерството за образование. Шаќири вели поплаки за врсничко насилство имало и досега, но наставниците и стручниот кадар не реагирале соодветно. МВР од септември ќе ги зајакнува контролите...

Неколкупати се жалеле дека трпат насилство во училиште, но биле игнорирани. Поради ова се одлучиле анонимно да пријават на електронската адреса на Министерството за образование. Ова е само една од 20-ината пријави што стасале во ресорот. Министерот Шаќири вели дека е формирана работна група што веднаш ги процесуира пријавите.

Социолози и психолози изработуваат прирачници за наставниците, родителите и учениците – како да препознаат и да го спречат насилството. Покрај врсничкото, велат алармантни се бројките и за кибернасилството кај младите.

Наместо да вршат административна работа и да бројат неоправдани, да разговараат со учениците и да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат. Сојузот на средношколци со препорака до Владата и МОН да изготват нов протокол за работа и обуки за училишните психолози.

Министерот Шаќири најави дека од септември, МВР ќе ги зајакне контролите во училиштата, а летото ќе се искористи за да се изготват нови препораки за превенција на насилство.

 

 

 

 

Викторија Милевска