Нови бранувања во Судскиот совет
Полициски проверки во Судскиот совет, откако член пријавил дека некој му влегува во канцеларијата. Поднесени и претставки за коруптивно дејствување. Препратени се на постапување во Обвинителството...

Не мируваат страстите во Судскиот совет. Институцијата е повторно под лупа на јавноста, откако нејзин член се сомневал дека некој му влегувал во канцеларија додека тој не бил на работа. Полицајци ги проверувале камерите во Советот, за да ги проверат наводите.
До Советот стасала и претставка за коруптивно постапување, при запишувањето кандидати во Академијата за судии и обвинители. Имало и пријава против врховен судија од Штип за земање мито, за да помогне во решавање на граѓански и кривични предмети. Поднесоците се испратени во Обвинителството за понатамошно постапување.
Судскиот совет на последната седница констатираше престанок на судската функција на четворица судии од Битола, Кичево, Прилеп и Тетово, поради пензионирање.
Ирина Гелевска
