Оклахома ја доби драмата, Вашингтон остана во игра

14.05.2014 13:08

Со пресврт во последната минута, Оклахома го совлада Лос Анџелес Клиперс со 105-104 и поведе со 3-2 во серијата до четири победи во разигрувањето во НБА лигата. На четири минути до крајот Оклахома имаше предност од 13 коша на гостински паркет, а на 43 секунди пред сирената водство од седум поени, но Дурант со пет коша во низа намали на 104-102, а потоа Вестбрук му украде топка на Пол и се избори за прекршок од него кога шутираше тројка. Потоа не згреши од линијата, ги погоди сите три слободни и му донесе триумф на својот тим.

Со пресврт во последната минута, Оклахома го совлада Лос Анџелес Клиперс со 105-104 и поведе со 3-2 во серијата до четири победи во разигрувањето во НБА лигата. На четири минути до крајот Оклахома имаше предност од 13 коша на гостински паркет, а на 43 секунди пред сирената водство од седум поени, но Дурант со пет коша во низа намали на 104-102, а потоа Вестбрук му украде топка на Пол и се избори за прекршок од него кога шутираше тројка. Потоа не згреши од линијата, ги погоди сите три слободни и му донесе триумф на својот тим. За да биде неуспехот на Пол поголем, тој ја загуби топката и во последниот напад.

Кај Оклахома Вестбрук даде 38 поени и шест асистенции, а Дурант застана на 27 коша и на десет скока. Грифин со 24 коша и 17 скока и Пол со 17 поени и 14 асистенции го загубија мечот за „Клиперс“. Наредниот ќе биде на паркетот на Лос Анџелес.

Во Индијанаполис, „Пејсерс“ пропуштија можност да се пласираат во конференциското финале откако загубија од Вашингтон со убедливи 102-79.   Гортат даде 31 поен со 16 топки под обрачите, а од игра шутираше со извонредна прецизност  - 13 од 15. Тој е најзаслужен што Вашингтон намали на 3-2 во серијата и има шанса во својата сала да се избори за седми натпревар на теренот на Индијана.