Собрание

Законските измени за изградба на коридорите 8 и 10-д ја вжештија атмосферата во Собранието

22.05.2023 14:20

Во Собранието продолжи расправата по Предлог-законите за изградба на коридорите 8 и 10-д. Пред членовите на Комисијата за европски прашања законските корекции за експропријација. На пленарка пак, за градење. ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминал и незаконски процедури. Од владејачкото мнозинство возвратија-се шират лаги и дезинформации...

И на пленарка и во комисија – законите за коридорите во Собрание. Пратениците од власта и опозицијата водат жестока битка со аргументи за законските измени за изградба на Коридорите 8 и 10-д. За владејачкото мнозинство, ова е инфраструктурен проект од стратешко значење којшто ќе значи ангажман за 8.000 работници и раст на БДП од два насто во наредните пет години. Според опозицијата, се врши класична злоупотреба на европското знаменце за да се прикрие криминал.

Во комисијата, законот за експропријација. Министерот Бесими вели дека се прават само мали измени околу надоместокот за имотот што ќе биде опфатен со трасата на автопатиштата.

Владејачкото мнозинство пак со критика до опозицијата, која според нив прави обиди да ги блокира проектите што значат економски развој, вработување и поврзување на земјата со пристаништата Драч и Бургас.

За законските измени ќе се гласа во пакет.

 

 

 

Игор Панов