Чествување

УКИМ го започна чествувањето на патрониот празник

22.05.2023 14:50

Почнаа активностите за одбележување на 74-годишнината од основањето на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје...

За достигнувања во полето на македонскиот јазик, книжевност и преведувачка дејност, и за развој на германско-македонската соработка во областа на уметноста, културата и театарот, професорот Петер Рау од Германија прогласен за почесен доктор на УКИМ.

Рау е визитинг професор на Катедрата за германски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, основач и директор на Институтот за германско-македонски односи.

Признание за придонесот во развојот на македонската пластична хирургија, достигнувања во наставно-едукативната и за афирмација на УКИМ во меѓународни рамки, и за професорот Оскар Азман.

„Во 2014-та година ми се јави Софија за едно младо момче кое претрпе тешка траума со двете раце овде во Македонија. Тој беше префрлен во нашата болница и беше еден од првите пациенти во Европа третиран со остеоинтеграција и кому му беше поставена вештачка рака“, изјави проф.д-р Оскар Азман.

Лауреатите Рау и Азман се приклучија ком семејството на УКИМ во рамки на одбележувањето на 74-годишнината од основањето на Универзитетот.

 

Александра Велинова