IN MEMORIAM

Почина Ферус Мустафов, познатиот македонски саксофонист и кларинетист

22.05.2023 14:53

Почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов. Познатиот македонски саксофонист и кларинетист зад себе остави повеќедецениска импресивна кариера...

На 72 годишна возраст почина Ферус Мустафов, познатиот македонски кларинетист и саксофонист, крал на ромската музика. Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари, син е на големиот Илми Јашаров. Зад себе остави повеќедецениска импресивна кариера, којашто му започна уште на седумнаесетгодишна возраст. Мустафов студирал виолина и кларинет. Беше еден и единствен, многу генерации музичари учеа од него, неговите дела зборуваат и ќе зборуваат за неговата големина, велат неговите соработници.

Мустафов реализираше бројни настапи во земјава и во светот, имаше издадено над 20 албуми и реализирано безброј самостојни концерти. Ферус пред еден месец доживеа мозочен удар и беше хоспитализиран во болницата „8 Септември“. Ќе биде погребан во родниот Штип.

 

 

Наташа Јанчиќ Менковски