Македонски уметници на групна изложба во Венеција
Група интернационални уметници меѓу кои и уметници од Македонија, ја отворија изложбата „Уметноста го обединува светот“. Изложбата е поставена во палатата Албици-Капело, а е паралелен настан со Биеналето на архитектура Венеција 2023...

На 20 Мај во Венеција група интернационални уметници меѓу кои и уметници од Македонија, ја отворија изложбата „Уметноста го обединува светот“. Изложбата е поставена во палатата Албици-Капело, а е паралелен настан со Биеналето на архитектура Венеција 2023.
Организатори на изложбата се германско-италијанското друштво ACIT (Associazione Culturale Italo Tedensca-Венеција по идеја на Маријана Гнездилова-Русија, во соработка со OKXSA Projects (Оксана Жудина Бого, претседател и основач) ОСТЕН АРТ-Скопје (Корнелија Конеска-директор) и СНЕГ Галерија-Москва (Александар Филипов-директор).
На изложбата учествуваат Клара Афонсо од Португалија, Партиција Казаграда и Хелга Елбен од Германија, Арлета Чехиќ од БИХ, Јулија Дјаченко, Владимир Мартинов, Дима Сухов и УЛАН од Русија, Кенрио Хара од Јапонија, Марко Кусмук од Србија, Ана Монтанаро од Италија, Марија Павловска од Македонија/САД а гостин на изложбата е Мице Јанкуловски, Македонија.
Изложбата е под покровителство на Генералниот конзулат на Сојузна Република Германија во Милано, во соработка со АГИМУС-Венеција и со поддршка на Гете Институт-Италија.
Изложбата ќе биде отворена до 24 јуни.
