ДОМ бара целосен мораториум за уништување на урбаното зеленило до донесувањето на Законот за зеленило

14.05.2014 13:28

Oд ДОМ апелираат до сите општествени субјекти за воздржување од уништување на зеленилото во градовите...

Од ДОМ очекуваат Законот за зеленило да биде усвоен во првите три месеци од новиот собраниски состав и  новата влада. Со законот ќе бидат утврдени стандардите за заштитата и зачувување на градското зеленило, како и  условите под кои ќе биде дозволено сечење на градски дрвја.

Дотогаш, од ДОМ апелираат до сите општествени субјекти за воздржување од уништување на зеленилото во градовите.

„Зајакнувањето на човечките, техничките и организациони капацитети на инспекторатите за заштита на животната средина во првата година од новата влада е исто така предмет на коалиционен договор помеѓу ДОМ и ВМРО-ДПМНЕ и ова силно ќе инсистираме да биде спроведено“, изјави Тони Ристов, портпаролот на ДОМ.

 

Ивана Стојкова