НБА

Мајами го декласира Бостон со 128:102 за водство од 3:0

22.05.2023 21:15

Кошаркарите на Мајами Хит не влегоа како фаворити во финалната серија на Истокот против Бостон Селтикс, но со фантастична игра веќе дојдоа до водство од 3:0...

Кошаркарите на Мајами Хит не влегоа како фаворити во финалната серија на Истокот против Бостон Селтикс, но со фантастична игра веќе дојдоа до водство од 3:0. На последниот натпревар изминатата вечер славеа убедлива победа од 128:102. Како и кошаркарите на Денвер, така и Мајами го дели само една победа од борбата за трофеј во НБА лигата.

Најрасположен за игра беше Винсент со 29 поени, додека Робинсон и Мартин како резервисти искомбинираа дури 40 кошеви.