Регион

Нова престрелка во Белград, две лица се ранети

22.05.2023 23:17

Две лица се ранети во престрелката што се случи вечерва во белградската населба Врачар во центарот на Белград. Полицијата интензивно трага по сторителот, а во сила е антимафијашката акција „Вихор“...

Две лица се ранети во престрелката што се случи вечерва во белградската населба Врачар во центарот на Белград. Престрелката се случила на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“. Како што дознава „Телеграф“, еден од ранетите е 29-годишниот А.П. кој веќе и е познат на полицијата поради бројни криминални дела.

Станува збор за лице со 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништво итн. по кое во тек била и потера за издржување затворска казна. Тој бил застрелан во ногата и е надвор од животна опасност. Во пукањето е повреден и македонскиот државјанин, 21-годишниот Д.Л., тој бил застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П, или пак случајно бил ранет. 

Полицијата интензивно трага по сторителот, а во сила е антимафијашката акција „Вихор“, јавуваат српските медиуми.