Во Собранието продолжува дебатата за предложените законски измени
Во Комисијата за европски прашања треба да се разгледа петтиот и последен законски предлог од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10д – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридорот 10 д во Република Северна Македонија, по скратена постапка...

Во Собранието и денеска продолжува дебатата за предложените законски измени поврзани со проектот за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Во Комисијата за европски прашања треба да се разгледа петтиот и последен законски предлог од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10д – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридорот 10 д во Република Северна Македонија, по скратена постапка.
На пленарна седница досега дебатата е завршена по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, сите по скратена постапка.
Комисискиот филтер го поминаа Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за експропријација, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање и останува петтиот и последен законски предлог од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10д – Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридорот 10 д во Република Северна Македонија, сите по скратена постапка.
Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска вчера истакна дека го добиле Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ и дека се во фаза на негова анализа, поброен тим ќе работи на овој предмет, а веќе им се поделени задачите на советниците.
ДКСК отвори предмет за проектот за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д за којшто е потпишан Договор со „Бехтел и Енка“ по објавите во медиумите околу постапката на изборот на фирмите за надзор, а предмет по допрен глас отвори и Јавното обвинителство.
По официјализирањето на примената на Договорот, во тек се подготвителни активности за претстојните градежни работи на терен.
