Мониторинг комисијата на ПССЕ утре ќе расправа за изборите во Македонија
14.05.2014 13:29
Рапорт ќе поднесе известителот Роберт Валтер, а на седницата ќе присуствува и македонска делегација предводена од пратеникот Александар Николоски...

Утре пред мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа е информацијата за одржаните претседателски и предвремени парламентарни избори во Македонија.
Рапорт ќе поднесе известителот Роберт Валтер, а на седницата ќе присуствува и македонска делегација предводена од пратеникот Александар Николоски.
Парламентарното собрание на Советот на Европа за изборите испрати 13 набљудувачи заедно со ОБСЕ-ОДИХР.
Извештајот до парламентарното собрание Комисијата треба да го достави за време на јунската сесија, а ако има одредени измени на деловникот за работа, тие би се применувале од јануари идната година.
