Руско - украински конфликт
Киев ги чека американските борбени авиони Ф-16
23.05.2023 09:43
Киев сè уште тврди дека украинските трупи напредуваат во Бахмут. Русија носи нови сили...

Киев сè уште тврди дека украинските трупи напредуваат во Бахмут. Русија носи нови сили. Групата „Вагнер“ најави повлекување до први јуни, рок до кој очекува да го заземе градот, а позициите би им биле отстапени на припадниците на редовната руска војска.
Украина ги чека американските борбени авиони Ф-16. ЕУ без договор за новиот пакет санкции за Москва. Германскиот премиер Шолц порача – Украина не исполнува многу услови за прием, па членството во НАТО нема да се случи во скоро време.
