Русија

Наративот на Г7 создава хистерија, обвинува руското МНР

23.05.2023 09:46

Руското МНР со осуда за Г7, наративот на западните земји создавал противкинеска и противруска хистерија...

Руското МНР со осуда за Г7. „Единствената цел на нуклеарната реторика на групата седум најразвиени држави во светот е да врши психолошки, воен и политички притисок врз Москва и Пекинг“, соопштија оттаму.

Минатата недела, Г7, на самитот ги повика Русија и Кина на поголема транспарентност во однос на нуклеарните арсенали, слично на потезите кои ги презедоа САД, Велика Британија и Франција.

За Москва, состанокот е т.н. „инкубатор“ за противруска и противкинеска хистерија. Лани, претседателите на овие две земји Путин и Џинпинг се обврзаа на безгранично партнерство.