Ципрас го презема мандатот за нова Влада
На парламентарните избори, СИРИЗА освои 20,07 отсто од гласовите и 71 пратеничко место, со што е далеку од потребното парламентарно мнозинство од 151 пратеник...

Лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, денеска го презема мандатот за формирање Влада од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, откако лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, вчера го врати мандатот.
На парламентарните избори, СИРИЗА освои 20,07 отсто од гласовите и 71 пратеничко место, со што е далеку од потребното парламентарно мнозинство од 151 пратеник. Доколку Ципрас го врати или одбие мандатот, следна ќе биде третата партија, односно ПАСОК.
По крајот на циклусот со првите три партии, претседателката свикува лидерска средба во последен обид за формирање Влада. Доколку е без резултат, се формира службена Влада со една единствена цел, да ја одведе земјата на избори.
