Македонија

Џафери ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан на манифестацијата во чест на Св. Кирил и Методиј

23.05.2023 09:56

Од денеска до четврток државно-црковна делегација ќе престојува во Рим и Ватикан по повод одбележување на празникот Свети Кирил и Методиј, а ќе ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери...

Од денеска до четврток државно-црковна делегација ќе престојува во Рим и Ватикан по повод одбележување на празникот Свети Кирил и Методиј, а ќе ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Тој денеска ќе се сретне со претседателот на Домот на пратениците на Италијанската република, Лоренцо Фонтана.

Утре државно-црковната делегација ќе присуствува на аудиенција кај папата Франциск во Ватикан, а потоа Џафери ќе има средба и со државниот секретар на Светиот престол, кардиналот Пјетро Паролин. Македонската делегација ќе присуствува и на молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што ќе положи венец на гробот на св. Кирил.

Вечер во Скопје по повод 24 мај – денот на словенските браќа, Кирил и Методиј – ќе се одржи свечена академија.