Вашингтон
Камион удрил во бариерите кај Белата куќа
23.05.2023 09:59
Полицијата приведе возач на камион кој со своето возило удрил во безбедносните бариери пред Белата куќа, во Вашингтон...

Полицијата приведе возач на камион кој со своето возило удрил во безбедносните бариери пред Белата куќа, во Вашингтон. Во инцидентот нема повредени, а причината и другите детали за овој инцидент се истражуваат.
Некои патишта и пешачки патеки се затворени во областа. На барање на Тајната служба беше евакуиран хотелот „Хеј Адамс“, кој е во близина.
