Сообраќај

МВР: 234 санкции за брзо возење

23.05.2023 10:01

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

Притоа 140 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 94 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта, информираат од МВР.