Србија

Вооружен напад во Белград, повреден е македонски државјанин

23.05.2023 10:09

Две лица, од кои едно, според пишувањата на српските медиуми е македонски државјанин, се ранети во престрелката што доцна синоќа се случила во белградската населба Врачар...

Две лица, од кои едно, според пишувањата на српските медиуми е македонски државјанин, се ранети во престрелката што доцна синоќа се случила во белградската населба Врачар.

Врз нив бил извршен напад со огнено оружје од страна на дваесетгодишник кој е приведен. Застреланите мажи се префрлени во Ургентниот центар, едниот со повреда во ногата, другиот во грбот. Едниот од нив со иницијали А.П. и е познат на полицијата и по него била распишана потерница за издржување казна.

Македонскиот државјанин, според српските медиуми, бил случајно ранет.