Идната недела ќе се избираат потпретседателите на Собранието и Собраниските тела
14.05.2014 13:31
Кадровската служба на Собранието ги подготвува решенијата за верификуваните мандати на пратениците...

Крајот на идната или почетокот на наредната недела спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски ќе свика седница на која ќе се донесе одлуката за избор на потпретседателите на Собранието и одлука за формирање на Собраниските тела.
Потоа, Комисијата за избор и именувања ќе може да закаже седница и да го предложи персоналниот состав.
Кадровската служба на Собранието ги подготвува решенијата за верификуваните мандати на пратениците.
Постапката ќе трае најмногу еден месец.
