Судан: Паравоените сили најавија дека нема да се повлечат
Армијата изврши воздушни напади врз позициите на противникот во главниот град Картум, со цел да заземе подобри позиции пред стапувањето во сила на еднонеделниот прекин на огнот за непречена испорака на хуманитарна помош...

„Суданските паравоени сили за брза поддршка нема да се повлечат додека не го запрат воениот удар“, изјави нивниот лидер, генерал Хемети. Армијата изврши воздушни напади врз позициите на противникот во главниот град Картум, со цел да заземе подобри позиции пред стапувањето во сила на еднонеделниот прекин на огнот за непречена испорака на хуманитарна помош.
Иако борбените операции не беа прекинати за време на претходно договорените примирја, ова е прво што е формално договорено за време на преговорите. Конфликтот принуди речиси 1,1 милион Суданци да ги напуштат своите домови.
