МЕКСИКО

Активиран вулканот Попокатепетл

23.05.2023 12:02

Откажани се повеќе летови, а поради намалената видливост и патниот сообраќај се одвива под посебен режим...

Жителите на областа околу вулканот Попокатепетл се разбудија во облак од пепел, ден откако мексиканската влада активираше жолта тревога. Откажани се повеќе летови, а поради намалената видливост и патниот сообраќај се одвива под посебен режим.

Попокатепетл се активираше во 1994 година по неколкудецениска пасивност. Ерупции беа регистрирани и во периодите од 2000 до 2003 година, па потоа и од 2012 до 2016 година.