Грција

Ципрас не го прими мандатот за нова влада

23.05.2023 12:39

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас не го прими мандатот за формирање влада од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу...

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас не го прими мандатот за формирање влада од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу. На парламентарните избори, СИРИЗА доби 20,07 отсто од гласовите и 71 пратеничко место, со што е далеку од потребното парламентарно мнозинство од 151 пратеник.

Актуелниот премиер Киријакос Мицотакис победи, но ни тој не освои доволно парламентарни места по што го врати мандатот. Следна на ред ќе биде треторангираната партија ПАСОК, од која се очекува слична одлука како и претходните две. Новите избори се планирани за 25-ти јуни.