Преговори за изнаоѓање решение за кризата во Доњецк и Луганск

14.05.2014 13:39

Организацијата за безбедност и соработка во Европа ОБСЕ денеска во Киев ќе преговара за изнаоѓање решение за кризата во Доњецк и во Луганск коишто прогласија независност. На преговорите не се поканети претставници на проруските сепаратисти иако германскиот министер за надворешни Штајнмаер се залага за национален дијалог меѓу прозападните и проруските сили. Во меѓувреме продолжуваат судирите меѓу украинската војска и сепаратистите. Заменик премиерот Димитриј Рогозин соопшти дека и Русија ќе воведе санкции кон САД.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа ОБСЕ денеска во Киев ќе преговара за изнаоѓање решение за кризата во Доњецк и во Луганск коишто прогласија независност. На преговорите не се поканети претставници на проруските сепаратисти иако германскиот министер за надворешни Штајнмаер се залага за национален дијалог меѓу прозападните и проруските сили. Во меѓувреме продолжуваат судирите меѓу украинската војска и сепаратистите. Заменик премиерот Димитриј Рогозин соопшти дека и Русија ќе воведе санкции кон САД. Ќе го отфрли барањето на САД да ја користа вселенската станица по 2020 и нема да можат да ги користат моторите за лансирање воени сателити.