Во Битола отворена 48. Државна изложба на детски ликовни творби
На годинешното 48-мо издание на државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната Култура како трајна инспирација во моето творештво“ со свој ликовни дела учествуваа 547 деца и над сто ментори кој понудија 527 дела и 52 колекции...

Државната изложба на детски ликовни творби која ја вреднува културата, традицијата и богатото наше минато и овој пат потврди дека и во време на компјутеризација и замирањето на многу занаети и обичаи децата покажаа дека имаат познавање за богатото културно историско минато велат ликовните педагози.
Оние кои се наследници на идното негување на традиционалните вредности со своите дела работени во најразлични техники покажаа дека имаат познавање и желба да го чуваат и афирмираат она што го создал народниот гениј.
Организаторот вели дека е задоволен од тоа што секоја година изложбениот простор е сè поголем.
Стручното жири додели повеќе награди за најквалитетните детски ликовни дела како и признанија за придонесот на некој од ликовните педагози.
Стевче Митревски
