Македонија

Граѓаните незадоволни од поштенските услуги во земјава

23.05.2023 14:22

Постојано стигнуваат претставки од граѓани незадоволни од поштенските услуги. Директорката на „Македонски пошти“ се правда – вработените не се мотивирани поради ниските примања, а има недостиг и на кадар …

Шест претставки и еден управен приговор се примени од Агенцијата за поштенски услуги од почетокот на годинава. Според истражувањата – граѓаните се незадоволни, но се помалку пријавуваат. Сè уште не се запознаени со своите права кога е во прашање дистрибуцијата на пратките – велат од директоратот за следење и анализа на пазарот.

Агенцијата извршила три редовни и три вонредни надзори. Биле констатирани прекршоци како за правните така и за одговорните лица.

Директорката на Агенцијата за пошти апелира до Владата за носење стратегија која ќе овозможи развој на секторот.

Недостигот на кадар е една од причините за доцнење на пратките, вработените не се мотивирани поради ниските примања, велат од “Македонски пошти“.

Интересот за влез на пазарот на поштенски услуги се намалува споредено со претходната година. Во земјава има 35 даватели на поштенски услуги.

 

Александра Велинова