Општина Тетово ќе ги дигитализира административни услуги преку европските фондови
Општина Тетово ќе ги дигитализира административните услуги со пари од ЕУ. Обезбедени се над половина милион евра за оваа намена …

Дигитализацијата ќе овозможи потранспарентна администрација и поквалитетни услуги, посочи градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами. Се надева дека со европскиот проект ќе се оформи платформа, која ќе нуди целосна дигитализација на услугите, кои ги пружа Локалната самоуправа кон граѓаните.
Во ситуацијата кога Македонија нема сериозна децентрализација, европските фондови и проекти се многу важни за општините и граѓаните.
Сега повеќе од неопходно е да се искористат европските фондови, за да не ја плаќаме цената подоцна, велат претставниците на Европската унија.
Со пари од ЕУ се работи и на изградба на филтер станица за отпадни води за тетовскиот регион, во вредност од 25 милиони евра.
Зоран Димовски
