ЈСП

ЈСП: Приватните работници утре се враќаат во јавниот превоз во Скопје

23.05.2023 19:13

Јавното сообраќајно претпријатие најави дека приватните превозници од утре се враќаат на скопските улици. Директорот на ЈСП потпишал договор со превозниците..

Јавното сообраќајно претпријатие најави дека приватните превозници од утре се враќаат на скопските улици. Директорот на ЈСП потпишал договор со превозниците. Во скопскиот јавен превоз ќе сообраќаат 105 приватни автобуси на кои ќе опслужуваат повеќе линии.

Со новиот начин на работа и стандардизацијата во јавниот превоз, граѓаните ќе добиваат квалитетна и навремена услуга, велат од ЈСП-Скопје. Приватните превозници престанаа да возат во декември поради долг од страна на ЈСП Скопје и град Скопје.