228 сообраќајни прекршоци во Скопје, 28 за брзо возење
На територија на град Скопје изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 228 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 24 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 24 санкции за немање возачка дозвола, 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, три мерки за возач почетник, 47 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.
