Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу свика лидерска средба
Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу закажа лидерска средба во претседателската палата. Ниедна од трите прворангирани партии на изборите не го прифати мандатот за формирање влада...

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу закажа лидерска средба во претседателската палата. Ниедна од трите прворангирани партии на изборите не го прифати мандатот за формирање влада. Процесот на доделување заврши за само два дена така што земјата оди на втори избори. Лидерите на Нова демократија Мицотакис, на Сириза – Ципрас и на ПАСОК – Андрулакис не го освоија потребното мнозинство од 151 пратеник.
Денешната лидерска средба е во рамките на одредбите предвидени со Уставот и е последен обид за формирање Влада со широко мнозинство. Изборите ќе се одржат на 25 јуни.
