Јапонија
Кишида: Не планираме да станеме членка на НАТО
24.05.2023 09:32
„Не планираме да станеме членка на НАТО, но ќе отвориме канцеларија за односи со Алијансата во нашата земја“, изјави јапонскиот премиер Кишида...

„Не планираме да станеме членка на НАТО, но ќе отвориме канцеларија за односи со Алијансата во нашата земја“, изјави јапонскиот премиер Кишида. Со неа би се поддржале комуникациите со партнерите, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд, првенствено во геополитичките предизвици како што се Кина и Русија.
Коментарот на Кишида следува откако амбасадорот во Вашингтон соопшти ваков план за Токио.
