24-Мај

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на аудиенција кај папата Франциск

24.05.2023 09:51

Државно-црковна делегација е во Рим и во Ватикан по повод одбележување на празникот Свети Кирил и Методиј. Ја предводи претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој присуствува на аудиенција кај папата Франциск.

 Во светата столица ќе има средба и со државниот секретар, кардиналот Пјетро Паролин. Во базиликата „Сен Клементе“ во Рим, ќе се одржи молебен и ќе се положи венец на гробот на свети Кирил.

Македонската и бугарската делегација заеднички ќе положат цвеќе и во црквата света Марија Маџоре.