НСОН
Независниот Синдикат за образование и наука на протест денес
24.05.2023 10:29
Независниот Синдикат за образование и наука, напладне на протест од Собранието до Министерството за образование. Незадоволството е како што велат поради висината на платите...

Независниот Синдикат за образование и наука, напладне на протест од Собранието до Министерството за образование. Незадоволството е како што велат поради висината на платите, спојувањето на наставни предмети, немањето социјален дијалог и погазување на достоинството на просветните работници.
Од Синдикатот потенцираат дека спојувањето на повеќе наставни предмети може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува и професионалниот интегритет на работниците.
