Прилеп

Црковно-научна трибина: „1160 години од моравската мисија на сесловенските просветители“

24.05.2023 11:00

Епохално и универзално е делото на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј. Секое присвојување на моравската мисија и нивното дело е само политичко без извори и факти. Во Прилеп се одржа црковно-научна трибина „1160 години од моравската мисија на сесловенските просветители“...

Македонската држава својот наратив го темели врз основа на делото на сесловенските просветители, светите Кирил и Методија со кое, всушност е извршена прва кодификација на словенскиот јазик од говорите од околината на Солун кој подоцна е распространет со преведувањето на светите книги. Секое присвојување на Моравската мисија и нивното дело од соседна држава е само политичко и без никакви историски извори и факти, смета историчарот Зоран Богески.

Култот кон словенските просветители, рамноапостолни, словенски апостоли е присутен во македонската литература од средновековниот период па сè до денес.

Наследството на светите Кирил и Методиј е повеќедимензионално: просветителско-мисионерска, религиско-црковно, културно-политичко и идеолошко идентификациско.

 

 

Елизабета Митреска