Реакција на АДКОМ откако повеќе Јавни претпријатија останаа без струја
Здружението на даватели на комунални услуги реагира откако повеќе Јавни комунални претпријатија останаа без струја поради доцнење во плаќањето на фактурите...

Здружението на даватели на комунални услуги реагира откако повеќе Јавни комунални претпријатија останаа без струја поради доцнење во плаќањето на фактурите. Од АДКОМ обвинија дека ЕВН ги прекршил законот, го довел во прашање водоснабдувањето на населението и не го зел предвид јавниот интерес, исклучувајќи ја електричната енергија во објекти од витално значење.
„За да не дојде до несогледливи и опасни последици, бараме ЕВН да ја вклучи електричната енергија во Јавните комунални претпријатија. бараме поддршка и од Владата, Министерството за здравство и другите надлежни институции, а надлежните судови да донесат позитивни одлуки за времени мерки“, повикаа од АДКОМ од каде што најавија дека Јавните комунални претпријатија се спремни да ги преземат и законски постапки кон ЕВН.
