Дебата за македонскиот јазик во словенскиот свет
Чествувањето на овој ден го афирмира старословенското наследство на нашиот мајчин јазик, како нераскинлив дел од нашиот идентитет. Дебата за македонскиот јазик во словенскиот свет...

Македонскиот јазик низ вековите се адаптирал и еволуирал за да постигне поеднозначна комуникација меѓу говорителите на македонски и соговорителите на другите балкански јазици, истакна академик Марковиќ на панел дискусијата во Охрид за македонскиот јазик во словенскиот свет.
Од зборовниот фонд на македонскиот јазик во поширок словенски контекст доаѓа до израз неговата специфичност и важност за словенскиот свет, особено што македонската дијалектна територија ги надминува границите на современата македонска држава. Оценето дека чествувањето на овој ден го афирмира старословенското наследство на нашиот мајчин јазик, како нераскинлив дел од нашиот идентитет. Современиот писмен јазик се создал и покрај непостоењето на сопствена држава и жестоките пропаганди.
Македонскиот јазик го зборуваат до 3,5 милиони луѓе во светот, освен во земјава, се зборува како мајчин јазик и во Бугарија, Грција, Србија, Албанија, Косово, Бих, Црна Гора, во Австралија, Канада, САД и повеќе европски држави.
Ирина Гелевска
