57. МТФ „Војдан Чернодрински“ од 9 до 16 јуни во Прилеп
Во програмата на годинашниот МТФ „Војдан Чернодрински“, што годинава ќе се одржи од 9 до 16 јуни во Прилеп влегуваат девет претстави во официјалната, седум во независната продукција, две во придружната програма и една дипломска претстава...
Во програмата на годинашниот МТФ „Војдан Чернодрински“, што годинава ќе се одржи од 9 до 16 јуни во Прилеп влегуваат девет претстави во официјалната, седум во независната продукција, две во придружната програма и една дипломска претстава. Годинава ќе се организира под мотото „Враќање дома“.
Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Инферно“ на Театарот од Велес, а Српското народно позориште од Нови Сад ќе го затвори фестивалот со „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски. Програмата „Автор во фокус“ годинава прв пат се воведува.
Оваа година автор е Коле Чашуле, а актерите Петар Темелковски и Петар Мирчевски се добитници на наградата за животно дело.