Отворено 42-то издание на „Мал битолски Монмартр“ и 41-та светска детска изложба
Синоќа во Битола беше означен почетокот на 42-то издание на „Малиот битолски Монмартр“ и отворена 41-првата светска детска изложба. Гран при наградата беше доделена на цртежите на децата од Хонгконг-Кина. Меѓу повеќето други награди и престижно признание за членот на меѓународниот управен одбор Милан Врбевски кој за годинешново издание донираше 17.500 евра или двојно повеќе од домашните институции...

Од изутрината над 120 мали ликовни амбасадори со своите ликовни прибори започнаа да ги бараат најдобрите агли, кој ќе им ја доловат старата и урбаната архитектура. По 55 години од постоењето на детското студио, отворањето на 42-та детска ликовна колонија за прв пат под закрила на минатогодишниот новоформиран Меѓународен управен одбор во кој членуваат 15 земји. Организаторите велат тоа е последица на добропознатите случувања.
„Малиот битолски Монмартр“ е македонски и оваа година за активностите одвоивме 4.000 евра што е највисока сума досега, рече министерката за култура.
Овогодинешново издание го отвори покровителот градоначалникот Коњановски, на кого му беше доделена наградата за долгогодишна поддршка на манифестацијата,која преку 41-та светска изложба уште еднаш го покажа детскиот креативен ликовен дух.
Во таа голема конкуренција Гран при наградата доделена за ликовните дејци од Хонгконг-Кина. Инаку престижна награда од организаторите и за членот на Меѓународниот управен одбор, Милан Врбевски кој за оваа издание донираше 17.500 евра и е познат како финансиер на бугарските клубови.
Стевче Митревски
