Македонија
„Фридом Хаус“: Македонија има политички напредок и политичка дисфункција
24.05.2023 17:30
Македонија е најдобро пласирана од земјите во западен Балкан во извештајот на „Фридом Хаус“, се наоѓа на 67 место...

Македонија е најдобро пласирана од земјите во западен Балкан во извештајот на „Фридом Хаус“, се наоѓа на 68 место. Според оценката на „Фридом Хаус“, има и демократски напредок, но и политичка дисфункција, парламентарните блокади го попречуваат усвојувањето закони, а најлошо во извештајот стојат судската независност и борбата против корупцијата.
Напредок има кај транспарентноста на локално ниво. „Фридом Хаус“ бележи назадување во Црна Гора, и во Босна и Херцеговина, Србија остана на исто ниво како лани, а мал напредок е регистран во Албанија и во Косово.
Хрватска и Словенија веќе се наоѓаат во групата консолидирани демократии.
