Претседавачот со ОБСЕ Османи во посета на Србија
Реформската агенда на Србија, партнерството на земјата со ОБСЕ и помошта што ѝ ја дава Мисијата на ОБСЕ во Србија за реализирање на овие процеси ќе бидат главните теми на дводневната посета на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на официјален Белград...

Реформската агенда на Србија, партнерството на земјата со ОБСЕ и помошта што ѝ ја дава Мисијата на ОБСЕ во Србија за реализирање на овие процеси ќе бидат главните теми на дводневната посета на Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи на официјален Белград. Османи во Белград ќе оствари средби со Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Премиерката Ана Брнабиќ, а со неговиот домаќин, Ивица Дачиќ, прв вицепремиер за надворешна политика и безбедност и министер за надворешни работи, ќе имаат и заедничка прес-конференција.
Покрај со официјалните државни претставници, Османи ќе има средби и со претседателот на Националното собрание на Србија, Владимир Орлиќ и парламентарна делегација на Србија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, како и со граѓански организации кои работат на партнерски проекти со Мисијата на ОБСЕ во Србија.
