Почина кралицата на рокенролот Тина Тарнер
Легендарната Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст, таа замина по долго боледување...

Легендарната Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст, објави Sky News. Таа замина по долго боледување.
„Тина Тарнер – Кралицата на рокенролот, почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија. Со неа светот губи музичка легенда и модел за улоги“, изјави нејзиниот потпарол.
Таа освои осум награди „Греми“ и беше примена во „Рокенрол куќата на славните“ во 2021 година како соло изведувач, откако претходно беше примена во неа заедно со нејзиниот поранешен сопруг Ајк Тарнер во 1991 година. Магазинот Ролинг Стоун ја стави на листата Бесмртници – најголемите изведувачи на сите времиња.
Родена во Тенеси, како Ана Меј Булок, во семејство на мајка работничка во фабрика и татко баптистички свештеник, таа најпрво се прослави како една од водечките пејачки на бендот на нејзиниот сопруг Ајк Тарнер – „Кралеви на ритамот“ (The Kings of Rhythm).
За животната приказна на Тарнер беше снимен биографски филм во 1993 година со наслов „What’s Love Got To Do With It“, кој ѝ донесе на Анџела Басет номинација за Оскар за улогата на ѕвездата.
Фото: / Facebook
