Ракомет
Ракометарките на Македонија со втор пораз на ЕП во Португалија
24.05.2023 21:20
Женската репрезентација на Македонија во ракомет на плажа го доживеа вториот пораз на Европското првенство во португалскиот град Назаре..

Женската репрезентација на Македонија во ракомет на плажа го доживеа вториот пораз на Европското првенство во португалскиот град Назаре. Ракометарките на Златко Мојсоски на вториот дуел беа поразени од Холандија, која славеше со 2-0 во сетови со убедлив резултат.
Холандија првиот сет го доби со 28:12, а вториот со 15 разлика, 25:10.
За потсетување, репрезентацијата на Македонија на првиот дуел загуби од Украина, исто така со 2-0 во сетови.
