Тенис
Две победи на Лина Ѓорческа
24.05.2023 21:25
Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во третото коло на турнирот во Словенија (Оточец)...

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди пласман во третото коло на турнирот во Словенија (Оточец). Ѓорческа немаше проблеми и за еден час игра ја совлада словенечката тенисерка Пиа Ловриќ со 2:0 во сетови. Во двата сета македонската тенисерка беше подобра со по 6:4.
Ѓорческа во последниот период игра во добра форма, а доказ за тоа е и последниот напредок на ВТА листата за осум позиции, сега се наоѓа на 252. место.
