Македонија

Одложено гласањето на извештајот за Македонија на Европскиот парламент

25.05.2023 09:35

Одложено гласањето за Извештајот на известителот за земјава, Илхан Ќучук во Европскиот парламент. Поднесени се над 300 амандмани. Бугарските европарламентарци, иако доаѓаат од различни партии, сепак, се единствени во нападите кон Македонија...

Одложено гласањето за Извештајот на известителот за земјава, Илхан Ќучук во Европскиот парламент. Поднесени се над 300 амандмани. Бугарските европарламентарци, иако доаѓаат од различни партии, сепак, се единствени во нападите кон Македонија.

Со амандманите се обидуваат да го исфрлат делот од извештајот, во кој стои дека преговарачкиот процес не треба да биде злоупотребен за решавање на билатерални спорови, а место тоа да стои дека исполнувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка е услов за прием во Европската унија. Тие бараа во документот да влезе и дека во земјава има силен говор на омраза кон Бугарија и кон бугарското малцинство.