мвр

Претрес во тетовско, пронајдена дрога, приведено едно лице

25.05.2023 09:45

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и дробилка...

Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 10.20 часот го лишиле од слобода 38-годишниот Ј.И. од тетовско Слатино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и дробилка.

Ј.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.