Руско - украински конфликт

Одбиен нов воздушен напад врз Киев

25.05.2023 09:59

Нападот бил „масивен“, а тревога од воздушни напади била прогласена и во други украински градови...

Киев повторно цел на руски воздушни напади. Нападот бил „масивен“, а тревога од воздушни напади била прогласена и во други украински градови. Противвоздушната одбрана одбила уште еден, нов, дванаесетти по ред напад во мај. Во меѓувреме, САД ќе и продадат на Украина напредни ракетни системи земја-воздух во вредност од 285 милиони долари,  да ја зајакнат воздушната одбрана на Украина, за да се спротивстави на руската агресија.