САД
Бајден повторно повика на забрана на автоматско оружје
25.05.2023 10:06
Американскиот претседател Бајден, повторно повика на забрана за продажба на автоматско оружје на првата годишнина од масовното пукање во училиште во Тексас...

Американскиот претседател Бајден, повторно повика на забрана за продажба на автоматско оружје на првата годишнина од масовното пукање во училиште во Тексас. Рече дека е тежок ден за семејствата додека палат свеќи, во спомен на 19-те деца и двајца учители убиени во основно училиште.
Бајден постојано бараше усвојување на закони за огнено оружје. Републиканците, кои контролираат еден, од двата дома на Конгресот, се противат на какво било заострување на законите за оружје.
